РАЗОЧАРАН СУМ, МАСОВНИОТ СОБИР ВО СТРУГА Е НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    РАЗОЧАРАН СУМ, МАСОВНИОТ СОБИР ВО СТРУГА Е НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕМинистерот Филипче бара да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет. (Фото:Принтскрин од видео на Бигорски манастир)

    Она што денеска се случи во Струга е целосно непочитување на здравствените работници кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче по денешната масовна литија низ струшките улици.

    Министерот Филипче кој постојано на неговите прес-конференции апелира граѓани да останат дома, а кога ќе излезат надвор да не се групираат, да одржуваат растојание и да носат маска, вели дека е крајно разочаран откако ги видел фотографиите и видеата од Струга.

    „Сцените од Струга ги толкувам единствено како целосно непочитување на здравствените работници и сите кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата. Од почетокот постојано повторувам дека без поддршка од граѓаните, здравствените работници не можат да направат ништо. Буквално ништо. Ако сакаме да го задржиме овој позитивен тренд мора ги почитуваме мерките без исклучок. Исто така, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет. Апелирам до граѓаните да се воздржат од било какви собири за конечно да почнеме да го враќаме животот во нормала“, напиша Филипче на својот фејсбук профил.

    Неколку стотици жители на Струга денеска и покрај пандемијата на КОВИД-19 учествуваа во традиционален верски собир без да носат маски и без да одржуваат растојание од 2 метри. Граѓаните групирани одеа низ струшките улици зад свештените лица на литијата со моштите на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата икона.

    А. АНТЕВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира