КАКО ЌЕ БЕШЕ МИЦКОСКИ ДА ИМАШЕ ХРАБРОСТ КАКО МУКОСКИ ДА ПРЕГОВАРА ЗА ФЕР ЗАКОН ЗА ОБВИНИТЕЛСТВО, РЕЧЕ ЗАЕВ

    КАКО ЌЕ БЕШЕ МИЦКОСКИ ДА ИМАШЕ ХРАБРОСТ КАКО МУКОСКИ ДА ПРЕГОВАРА ЗА ФЕР ЗАКОН ЗА ОБВИНИТЕЛСТВО, РЕЧЕ  ЗАЕВЗаев кажа дека пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно имале силни закани од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и обвинети пратеници. (Фото: СДСМ)

    Дали ќе има двотретинско мнозинство за Законот за јавно обвинителство ќе се види до крајот на неделата кога ќе биде ставен на гласење, рече денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали имаат обезбедено 80 пратеници.

    Заев кажа дека пред да биде ставен законот на усвојување на седница на Влада во неделата, имал збор најмалку од 80 пратеници дека ќе го поддржат. Но, оттогаш пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно имале силни закани од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и од обвинети пратеници против кои се водат судски предмети.

    „Деновиве се прави терор, заканување, уценување на пратенците затоа што криминалот ги наоѓа сите патишта за да ја спречи правдата и правната држава. Јас  имав збор од најмалку 80 пратеници, но тоа што се случува во моментот е вистинска драма. Десет пати е поголем притисокот врз овие пратеници од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници кои се обвинети или осомничени, од тогаш кога беа на дневен ред уставните измени. Се избори независната пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за фер шанса и прифатени се нивни забалешки за Законот. Како ќе беше, да имаше така храброст Христијан Мицкоски како Крсто Мукоски да преговара и договара за фер закон. Тоа требаше Мицкоски да го прави, но не, него го интересира само како да паднат предметите кои ги отвори СЈО“, рече Заев на прес-коференција во седиштето на СДСМ.

    Заев рече дека нема скриена амнестија во Законот како што тоа го говори Мицкоски и го повика да каже каде е. Според Заев, законското решение ќе овозможи европска перспектива за земјава, а бил подготвуван со помош на експерти од Европската унија и американската амбасада.

    Крсто Мукоски, како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, за време на организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 ги отвори вратите на собраниската зграда за да влезе толпата. Тој беше амнестиран во декември 2018 и беше меѓу осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени во врска со Преспанскиот договор за решавањето на спорот за името со Грција со кои се измени името на земјава. ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи од партијата и тие во Собранието се како група независни.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира