КАКО ЛЕКАР СУМ ВИДЕЛ МНОГУ БОЛКА, НО НИШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПОРЕДИ СО ОВАА ТРАГЕДИЈА, РЕЧЕ ТАРАВАРИ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ВО ОПШТИНА ГОСТИВАР

    КАКО ЛЕКАР СУМ ВИДЕЛ МНОГУ БОЛКА, НО НИШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПОРЕДИ СО ОВАА ТРАГЕДИЈА, РЕЧЕ ТАРАВАРИ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ВО ОПШТИНА ГОСТИВАРНа комеморацијата во Општина Гостивар, присуствуваа градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорге Иванов.(Фото: СДК.МК)

    Во Општина Гостивар денеска се одржа комеморација за загинатите патници жителите на Гостивар во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на автопатот Скопје-Тетово.

    На комеморацијата присуствуваа градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорге Иванов.

    „Тие патуваа кон своите домови, се враќаа во нашиот Гостивар. Како лекар, изминативе 20 години сум видел многу болка, но ништо не може да се спореди со оваа трагедија. Тешко ми е да го држам овој говор, знаејќи дека моите луѓе го загубија животот. Велат дека катастрофите ги зближуваат луѓето, нека биде и сега така“, рече Таравари.

    Премиерот Заев најави помош за семејствата на загинатите и вети откривање на причините за несреќата.

    Во сообраќајната несреќа која вчера, околу 17 часот, се случи на автопатот Скопје-Тетово загинаа 14 лица, 37 се на болничко лекување од кои 7 се во критична состојба.

    Денеска и утре се прогласени за денови на жалост.

    З. АНДОНОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира