КАКО ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕМАМ ФОРМАЛНО-ПРАВНИ ОБВРСКИ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ, КАЖА РЕМЕНСКИ ПО РАСПИТОТ ЗА „РЕКЕТ“

    КАКО ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕМАМ ФОРМАЛНО-ПРАВНИ ОБВРСКИ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ, КАЖА РЕМЕНСКИ ПО РАСПИТОТ ЗА „РЕКЕТ“Пред Ременски, на распит кај Вилма Рускоска за „Рекет“ беа водителката Лила Филиповска, бизнисмените Ардијан Амзоски и Силјан Мицевски и Бурим Рустеми, Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска од СЈО. - Ременски утринава пред распитот за „Рекет“ (Фото: К. Попов)

    Пратеничката на СДСМ Фросина Ременски-Ташевски, која е почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13, денеска три часа беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“. По распитот, таа кажа дека како почесен претседател на организацијата немала никаква формално-правна обврска да учествува во органите на организација и дека немало нејзино лично присуство кај облигационите односи што ги има Меѓународниот сојуз со фирми и лица.

    „Денеска бев повикана како лице од кое се земаат одредени известувања, да дадам одговор за сè што е поврзано со случајот ‘Рекет’ и Меѓународен сојуз. Тоа што е во интерес на истрагата ќе си остане за Јавното обвинителство. Кај сите облигациони односи што ги има Меѓународниот сојуз со фирми и лица, лично присуство мое нема. Не зборувам за лични релации кои не се во контекст на кривично правниот настан што е предмет на истрагата. Почесното претседателство не претставува формално правна обврска за какво било учество во органи на политичка партија или некоја организација. Тоа се дава како еден вид на признание за одредени активности во сфера која можеби допира сфера на организација чиј почесен член сте“, кажа Ременски.

    Пред Ременски, на распит кај Вилма Рускоска за „Рекет“ беа водителката Лила Филиповска, бизнисмените Ардијан Амзоски и Силјан Мицевски и Бурим Рустеми, Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска од СЈО.

    Во притвор за „Рекет“ се осомничените Катица Јанева, Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира