КАНАДСКАТА МАГНА МЕХАТРОНИКС Е НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ТИРЗ, ДИРЕКТОРОТ ДЕСПОТОВСКИ КАЖА ДЕКА ЗА СЕКОЈ ДЕНАР ПОДДРШКА ОД ДРЖАВАТА, СЕ ВРАЌААТ ЧЕТИРИ

    КАНАДСКАТА МАГНА МЕХАТРОНИКС Е НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ТИРЗ, ДИРЕКТОРОТ ДЕСПОТОВСКИ КАЖА ДЕКА ЗА СЕКОЈ ДЕНАР ПОДДРШКА ОД ДРЖАВАТА, СЕ ВРАЌААТ ЧЕТИРИГодинава ја почнуваме со нова инвестиција од 40 милиони евра која во првата фаза ќе донесе 600 нови работни места, кажа директорот на ТИРЗ Деспотовски. (Фото: СДК.МК)

    Откако премиерот Димитар Ковачевски денеска ја најави првата голема странска инвестиција која ќе се отвори во Технолошки-индустриската развојна зона во Штип, а втора на канадската компанија во Македонија, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски кажа дека за секој денар помош на странските компании кои инвестираат во зоната, на државата ѝ се враќаат 4 денари.

    Ковачевски рече дека станува збор за втора инвестиција на канадската компанија Магна Интернешнл која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот.

    Деспотовски, кажа дека 2022 е најуспешната година досега и оти 2023 ја почнуваме со нова странска инвестиција.

    „Магна мехатроникс станува дел од семејството на ТИРЗ. Годинава ја почнуваме со нова инвестиција од 40 милиони евра која во првата фаза ќе донесе 600 нови работни места. Она што е важно е дека минатата година извозот на компаниите во зоните, достигна највисоко ниво од 3,7 милијарди евра односно 25% над највисоката точка која ја достигнавме во 2021 година. Годинава ја завршуваме и со нето ефект на извозот и увозот од над 10%. Тоа се пари кои се останати во домашната економија. Првичните пресметки велат дека 40% од овие средства се останати и во Буџетот и во џебот на над 16.300 наши сограѓани кои работат во овие компании. Само во 2022 имаме над 2.300 нови работни места. Она што е исто така важно е дека за секој денар исплатена поддршка од државата во буџетот се враќаат 4. Имаме и зголемен обем на инвестиции, но и зголемен квалитет и зголемена додадена вредност“, рече директорот на ТИРЗ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира