КАРАЏОВСКИ ЈА ИСКЛУЧИ ЈАВНОСТА ОД СЕДНИЦАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ НА АКМИС СИСТЕМОТ

    КАРАЏОВСКИ ЈА ИСКЛУЧИ ЈАВНОСТА ОД СЕДНИЦАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ НА АКМИС СИСТЕМОТСпоред претседателот на Судски совет Зоран Караџовски, темата била „шкаклива“. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на судскиот совет Зоран Караџовски побара, а 10 колеги го поддржаа да ги тргне новинарите од денешната седница кога ќе се зборува за Извештајот на Министерството за правда за злоупотребите со АКМИС системот.

    „Темата е шкаклива, јавноста треба да се исклучи. Иако од извештајот е тргната тајноста, ние тука треба да констатираме одредени состојби за некои претседатели и судии“, предложи Владе Богдановски од Судскиот совет, кој на минатата седница критикуваше новинари кои дозволиле членовите на Советот гости во емисија да ги нарекуваат џелати во судството.

    Судијата Влатко Самарџиски бараше во интерес на јавноста новинарите да останат, но го поддржаа само тројца колеги. Самарџиски искористи можност и цитираше дел од извештајот, во насока  на вонредно оценување на кандидатите за судии во Врховниот и во Апелациониот суд и за претседатели на Апелациониот суд Скопје и на основниот суд Дебар.

    „Во извештајот на Министерството констатирано е дека во тој суд во 2016 година со честото менување на распоредот, земани се предмети од едни судии, давани им се на други. Не е објективно оценувањето, повисоки оценки и бодови имаат судиите на кои им се давани повеќе предмети“, реагираше Самарџиски. Тече расправа за тоа дали да се врши итно вонредно објективно оценување на судиите во Кривичниот суд, но и на останатите судии.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира