КАСАРНИТЕ ВО ПЕТРОВЕЦ И КУМАНОВО НАМЕСТО НА МАЗУТ ЌЕ СЕ ГРЕАТ НА ПРИРОДЕН ГАС

    КАСАРНИТЕ ВО ПЕТРОВЕЦ И КУМАНОВО НАМЕСТО НА МАЗУТ ЌЕ СЕ ГРЕАТ НА ПРИРОДЕН ГАСМинистерката Шекеринска кажа дека земјава како дел од НАТО се приклучува на концептот на Алијансата за зелена одбрана.(Фото: Министерство за одбрана)

    Касарните на Армијата во скопски Петровец и во Куманово нема повеќе да се затоплуваат со мазут туку ќе користат природен гас. Со тоа овие два објекти на Министерството за одбрана нема да загадуваат. Како што кажа министерката Радмила Шекеринска земјава како дел од НАТО отвора едно ново поглавје во доменот на заштитата на животната средина, приклучувајќи се на концептот на Алијансата за зелена одбрана.

    „Сакаме да ја внесеме еколошката компонента во нашето дејствување не само во деновите кога зборуваме за заштита на животна средина, туку секој ден и во секој дел од нашата работа. Тоа го правиме за да ја модернизираме Армијата и нејзините објекти, меѓутоа пред сè да ги заштитиме граѓаните во општините во кои имаме касарни, а во кои загадувањето сè повеќе станува прашање на кое што му обрнуваме внимание“, рече министерката Шекеринска.

    Проектите за менување на начинот на греење се почнати да се работат минатат година, договорите се веќе потпишани и во текот на оваа година се очекува овие две големи касарни целосно да бидат пренасочени од мазут на природен гас.

    Шекеринска кажа дека наскоро ќе биде комплетиран и планот за енергетска транзиција и зголемување на енергетската ефикасност, особено преку вложување во фотоволтаици кои ќе создаваат енергија за потребите на Армијата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира