КАТИЦА ЈАНЕВА БАРА ПОМОШ ОД ЗОРАН СТАВРЕСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАТИЦА ЈАНЕВА БАРА ПОМОШ ОД ЗОРАН СТАВРЕСКИ

    Специјалното јавно обвинителство СЈО побарало од министерот за финансии Зоран Ставрески да поведе дисциплинска постапка против директорот на Финансиската полиција Александар Тргачевски затоа што тој одбива да постапи по наредбата да отстапи еден истражител кој би се приклучил на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

    Ленче Ристовска, специјална обвинителка  во својство на портпарол на СЈО вчера потврди дека Јанева побарала само еден истражител од Финансиска полиција, но тој не бил доделен и покрај тоа што била упатена ургенција кај директорот на Управата на финансиска полиција.

    „Со оглед дека не беше постапено по нашата ургенција, ние испративме иницијатива до министерот за  финансии за поведување на дисциплинска постапка“, изјави обвинителката Ристовска која појасни дека СЈО е надлежно исклучиво само за давање на иницијативи, но нема можност и да иницира дисциплинската одговорност.

    „Се надеваме дека министерот за финансии ќе ги има предвид сите укажувања кои ги испративме до него во иницијативата“, изјави обвинителката Ристовска од СЈО.

    Вчера беше соопштено дека СЈО води седум истражни постапки во кои се опфатени 60 лица и голем дел од тие постапки се фокусирани на финансиски истраги.

    Соработниците на Јанева појаснуваат дека според Законот за кривична постапка, не може да биде одбиена наредбата на јавен обвинител, кој бара истражител во својот тим за истраги.

    Барањето до Управата за финансиска полиција било испратено уште пред речиси еден месец. Директорот на Управата Александар Тргачевски и одговорил на Катица Јанева дека нема услови таму да биде распореден уште еден финансов истражител.

    Од Финансиската полиција на 25 мај потврдија дека до директорот Александар Тргачевски била пристигната нова наредба за доделување на дополнителен еден финансиски полицаец како истражител во Специјалното јавно обвинителство. Од таму известија дека со писмо/замолница директорот се обратил до Специјалното обвинителство со објаснување дека во моментов нема елементарни услови за отстапување на нови истражители од една едноставна причина – а тоа е недоволен кадровски капацитет.

    Обвинителката Ленче Ристовска на вчерашната прес конференција рече дека СЈО и натаму се соочува со сопки во работењето бидејќи, не само Финансиската полиција, туку и други институции не постапуваат по неговите наредби.

    Таа го обвини и Основниот суд Скопје 1 дека ја кочи постапката за прислушуваните материјали во предметот Пуч“ затоа што се уште на Специјалното јавно обвинителство не му ги дава копиите од доказите за овој случај. „Случајот „Пуч“ е оневозможен од Основниот суд Скопје 1 затоа што и покрај напаствијата на Апелациониот суд да ги предаде копиите од доказите на специјалните обвинители, до денеска тоа не го има сторено“, информираше Ристовска во својство на портпарол на СЈО.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари