КАТИЦА ЈАНЕВА СИ ГО ОСЛОБОДИ ИСТРАЖИТЕЛОТ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАТИЦА ЈАНЕВА СИ ГО ОСЛОБОДИ ИСТРАЖИТЕЛОТ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева кажа дека приведениот истражител на СЈО бил неосновано задржан од полицијата. Таа, пред полициската станица „Беко“ во центар, каде беше задржан нејзиниот истражител, рече и дека си го земале истражителот со нив и тој ќе оди во просториите на СЈО.

    „Извршителот си заминува со нас. Можете да го прашате командирот зошто е задржан, зошто е приведен, колку време и колку законски е задржан. Видовме дека нашиот истражител е неосновано задржан, ништо не ни доставено писмено на увид. Истражителот, согласно нашите насоки, по наша наредба, беше на едно место кадешто требаше да утврди едно лице каде живее. За тоа не е потребна судска наредба“, изјави Јанева и додаде дека оди право во МВР, кадешто се наоѓа друг истражител на СЈО.

    На новинарско прашање, дали приведениот истражител следел поранешен висок функционер во УБК, Јанева немаше коментар и упати на командирот на полициската станица.

    Командирот не смее да дава изјави, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не одговара на нашите телефонски повици и пораки.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира