КАТИЦА НА РАСПИТ ВО СЈО МИ РЕЧЕ ДА ГО ЗАВРШАМ ТОА ШТО ГО ДОГОВАРАМ СО БОКИ, СВЕДОЧИ ОРЦЕ КАМЧЕВ НА „РЕКЕТ“

    КАТИЦА НА РАСПИТ ВО СЈО МИ РЕЧЕ ДА ГО ЗАВРШАМ ТОА ШТО ГО ДОГОВАРАМ СО БОКИ, СВЕДОЧИ ОРЦЕ КАМЧЕВ НА „РЕКЕТ“Сведокот Орце Камчев рече дека ги дал парите за да ги сними и да докаже во какво заложништво Боки 13 и Катица го држат не само него, туку и други бизнисмени што ги рекетирале. - Катица Јанева; Орце Камчев (Фото: К. Попов)

    Во јануари 2019 година Орце Камчев е пуштен од куќен притвор, му доаѓа во посета Бојан Јовановски. Начелното правно мислење од Врховниот суд за укинување на истрагите на СЈО е донесено, Камчев е пред целосно ослободување од притвор, го прима Боки 13 дома и организира како да го снима.

    „Катица преку Лиле Стефанова врши притисок. Вика на брифинг група новинари, зборува за ‘Империја’, која е чиста конструкција од Катица, Лиле и Бојан. Мене секое повикување во СЈО ми беше јавувано од Бојан Јовановски. Последниот пат во собата за испрашување дојде лично Јанева. Пред мојот адвокат Апостолски ми рече: ’Тоа што го договараш со Бојан, да го завршиш‘.“, тврдеше Орце Камчев во денешното сведочење на „Рекет“.

    ЌЕ СЕ ЗАВРШИ РАБОТАТА ЗА „ИМПЕРИЈА“, ГЛЕДАШ ТУКА СЕДИ СИНОТ НА КАТИЦА, Ѝ КАЖАЛЕ НА АНА КАМЧЕВА, СПОРЕД СВЕДОЧЕЊЕТО НА ОРЦЕ КАМЧЕВ

    НЕЗАДОВОЛЕН ОД СУМАТА ШТО МУ ЈА ПЛАТИВ ЗА РЕКЛАМА НА 1ТВ, БОКИ МИ ПРАТИ СЛИКА СО КАТИЦА, СВЕДОЧИ КАМЧЕВ НА „РЕКЕТ“

    Потоа сведочеше како го снимал подигањето ма милионот евра од неговиот дом во Злокуќани. Пред судот и пред јавноста не објасни зошто му го исплатил милионот на Боки 13, кога било донесено мислење од Врховниот суд дека не смее СЈО да води истрага по истекот од 18 месеци од преземањето на бомбите. Рече дека ги дал за да ги сними и да докаже во какво заложништво Боки 13 и Катица го држат не само него, туку и други бизнисмени што ги рекетирале.

    „Сè што е снимено, снимено беше од мојот мобилен телефон. Ни служби, ни странски. Дојде Јовановски кај мене, му ги спакував еврата во ‘луј витон’ ташна, да не се навреди во ‘адидас’, како што се навреди дека парите биле во апоени од по 50 евра“.

    Орце Камчев снимил сѐ, му се јавил на тогашниот директор на УБК Горан Николовски.

    Орце Камчев е сведок на обвинителството, сведочи веќе втор час.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари