КАТИЦА ПОДНЕСЕ ДОКАЗ СО КОЈ ЈА ДЕМАНТИРА АНА КАМЧЕВА ДЕКА ГРАТИС ГО ЛЕКУВАЛА ТАТКО Ѝ ВО БОЛНИЦАТА НА ОРЦЕ КАМЧЕВ

    КАТИЦА ПОДНЕСЕ ДОКАЗ СО КОЈ ЈА ДЕМАНТИРА АНА КАМЧЕВА ДЕКА ГРАТИС ГО ЛЕКУВАЛА ТАТКО Ѝ ВО БОЛНИЦАТА НА ОРЦЕ КАМЧЕВТаткото на Катица се лекувал во болницата на Камчев, а одбраната приложи доказ дека сметката е платена од картичката на сестра ѝ Лиле Делиџакова. - Катица Јанева; Ана Камчева (Фото: СДК.МК)

    По презентацијата на првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски на 1.600 фотографии од најпознатите светски брендови како доказ дека во најголем дел облеката ја купил пред 2019 година, а не со пари од Орце Камчев, денеска второобвинетата Катица Јанева почна да ги презентира своите материјални докази против обвинението на Вилма Русковска.

    Првин, судот пушти исечок од нејзино интервју веднаш по пуштањето на Камчев од притвор, во куќен притвор, каде што таа кажува дека отпочеток е против одредувањето на најстрогата мерка притвор, дека и куќниот притвор е притвор и оти на крајот на краиштата судот е тој што одлучува, а не обвинителот и можеле да не го прифатат предлогот за куќен притвор.

    Потоа како доказ го приложи Начелното правно мислење на Врховниот суд со кое ги забранува за СЈО истрагите, меѓу кои е и „Империја“, а потоа и одлуката на овој суд да го ослободи Камчев од притвор.

    Таткото на Катица се лекувал во болницата на Камчев, а одбраната приложи доказ дека сметката е платена од картичката на сестра ѝ Лиле Делиџакова.

    „Овој доказ го приложуваме поради ’изјавата‘ – снимка на сведокот Ана Камчева, објавена во ’Ла Верита‘, каде што кажува дека таткото на Катица се лекувал кај нив, во ’Систина‘“, рече адвокатот на Јанева.

    Поради чување деловни тајни, судијката Васка Николовска- Масевска ја исклучи јавноста, зашто на ред беше презентација на доказ од истрага во Обвинителството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира