КАЗНИТЕ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ И ДО 20 ПАТИ, СПОРЕД ПРЕДЛОЖЕНИTE ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ОД ВЛАДАТА

    КАЗНИТЕ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ И ДО 20 ПАТИ, СПОРЕД ПРЕДЛОЖЕНИTE ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ОД ВЛАДАТАИзмените се предлагаат затоа што со последните измени на Законот за прекршоци, сите казни беа намалени, а од Владата велат дека намалување на казните за загадување не само што не смее да има, туку тие и треба да бидат зголемени. - Скопје покриено со смог (Фото: СДК.МК)

    Владата на синоќешната седница ги усвои предложените измени на Законот за прекршоци со кои се зголемуваат казните од областа на животната средина. Од Владата велат дека предложените измени ги регулираат прекршоците кои се однесуваат на непочитување на пропишаните стандарди од областа на животната средина, а кои се однесуваат на загадувањето на човечката средина предизвикана од човечките активности, а глобите се зголемуваат и до 20 пати од досега законски регулираната казна.

    Измените се предлагаат затоа што со последните измени на Законот за прекршоци, сите казни беа намалени, а од Владата велат дека намалување на казните за загадување не само што не смее да има, туку тие и треба да бидат зголемени.

    „Усогласувањето на прописите од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоци ќе доведе до намалување на постојните прекршочни санкции, а поради потребата од регулирање на потребни стандарди со прописите од областа на животната средина, се избегнува намалувањето на висината на прекршоците од причини што е потребно заострување на казнената политика во областа на животната средина“, се вели во владиното соопштение.

    Според предложените измени, поставени на ЕНЕР, за физички лица досега глобите беа од 15 до 250 евра, а сега ако прекршокот е од областа на животната средина, казната може да биде и трикратно поголема. За правно лице, глобите се од 50 до 10.000 евра во зависност од големината на правниот субјект, а со предложените измени, за прекршоци од областа на животната средина може да се изрече и трикратно поголема казна.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира