Денешниот ден е критичен за преговорите за името и долгоочекуваниот телефонски разговор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се случи денеска, потврди грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.
„Денеска ќе биде разговорот“, изјави кусо за грчките медиуми Коѕијас по излегувањето од премиерската резиденција.
На прашање за содржината на разговорот, Коѕијас одговори дека за тоа треба да кажат двајцата премиери.