ЌЕ ИМ ОБЕЗБЕДИМЕ КВОРУМ, АМА НЕМА ДА ИМ ГИ ГЛАСАМЕ ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА МАСКИ И ГОСТИ ЗАШТО СДСМ СЕ НЕУЧТИВИ И НЕБЛАГОДАРНИ, ВЕЛИ МИЦЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ

    ЌЕ ИМ ОБЕЗБЕДИМЕ КВОРУМ, АМА НЕМА ДА ИМ ГИ ГЛАСАМЕ ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА МАСКИ И ГОСТИ ЗАШТО СДСМ СЕ НЕУЧТИВИ И НЕБЛАГОДАРНИ, ВЕЛИ МИЦЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕНа прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека во вторникот се сретнал со професорот Вело Марковски, лекар инфектолог, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. - Никола Мицевски; Венко Филипче (Фото:СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери слободно може да ги стави на дневен ред на собраниска седница измените на Законот за здравствена заштита со кои ќе се овозможи поефикасно спроведување на инспекциите со недисциплинираните граѓани и правни лица (угостителски објекти), а ВМРО-ДПМНЕ ќе им обезбеди кворум. Но, нема да гласа „за“, туку „воздржано“, зашто, како што велат од партијата, без причина министерот за здравство Венко Филипче ја обвини целата пратеничка група дека ги кочи измените.

    „Ние само се обидовме за ваква есенцијална и битна работа како што е справување со пандемијата со коронавирусот, особено кога коси сега есенскиот бран, да седнеме заеднички и да договориме како најголема опозициона партија заедничка стратегија. Ние повторно не наидовме на добра волја од страна на Владата и на Министерството за здравство за одредени мерки. Место тоа, министерот веднаш побрза да објави дека ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените. Е па да не бидеме навистина кочничари, зашто предлозите држат и на инспекторатите навистина им требаат одврзани раце, ќе му обезбедиме на парламентарното мнозинство кворум на седницата, нека си ги изгласаат измените“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

    Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ изразува надеж дека во иднина, за вакви и за други битни работи ќе се удостои опозицијата барем да се сослуша.

    „Нека биде ова жолт картон за власта, се надевам во иднина ќе се сослушаме подостоинствено за вакви важни работи“, вели Мицевски.

    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека во вторникот се сретнал со професорот Вело Марковски, лекар инфектолог, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Нема детали за што разговарале.

    Денеска на новинарскиот брифинг спикерот Џафери кажа дека поради тие партиски неусогласености, ја повлекол пред два дена точката за утврдување на потребата од носење на овие измени по скратена постапка.

    „Дури не се договорат партиите, нема да закажам таква седница, да им дадам да ми се препираат овде пред цел народ! Нека се договорат ќе им закажам седница на 27 октомври“, кажа Џафери.

    Законот ѝ дава поголеми овластувања на Владата за да ги обврзе граѓаните да носат маски и на отворено, да им забрани групирање на повеќе од 4 лица по 22 часот и да прибираат повеќе од 4 гости по дома.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира