ЌЕ ИМАМЕ НАЈБРЗА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ КАКО ШТО ИМАВМЕ ВО НАТО, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ВО БРИСЕЛ

    ЌЕ ИМАМЕ НАЈБРЗА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ КАКО ШТО ИМАВМЕ ВО НАТО, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ВО БРИСЕЛКовачевски и Османи пред меѓувладината конференција со ЕУ во Европскиот совет. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ќе имаме најбрза интеграција на земјата во Европската Унија исто како што имавме најбрза интеграција на земјата во НАТО. Тој денеска со владина делегација е во Брисел за првата меѓувладина конференција со ЕУ, со која што почнуваат пристапните преговори.

    „Нашето место е во Европската Унија. Ние досега многупати докажавме дека сме партнер од доверба на Европската Унија и за земјите членки и така и продолжуваме да работиме и функционираме во иднина. Затоа и очекувам да имаме позитивен пример за најбрза интеграција на земја членка во ЕУ исто како што имавме најбрза интеграција на земјата во НАТО. Ние сме подготвени за ЕУ“, рече Ковачевски по средбата со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и чешкиот премиер Петр Фиала.

    Ковачевски кажа дека се отвора вратата македонски јазик стане еден од официјалните јазици на Европската Унија, што лично го смета за најголемо достигнување и најважен успех.

    „Македонскиот јазик, на овој начин, не само што ќе биде заштитен, туку ќе доживее и неверојатна промоција со тоа што многу земји и култури кои традиционално немаат допир со нашиот македонски јазик, ќе можат да се запознаат со него. Воедно, нашиот идентитет, сé она што е автентично за нас и за нашиот јазик, култура, обичаи и традиција, ќе остане токму тоа, автентично македонско и во Европската Унија, а тоа воедно ќе биде поголемо богатство за Унијата и обединување во различностите“, рече премиерот.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира