ЌЕ МОЖЕ САМО ЕДНАШ ДА СЕ ГЛАСА НА ДВОЈНИТЕ ИЗБОРИ НА 8 МАЈ, ГЛАСАЧИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА КАЖАТ ДАЛИ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ЗА ДА СЕ ИЗМЕРИ ЦЕНЗУСОТ

    ЌЕ МОЖЕ САМО ЕДНАШ ДА СЕ ГЛАСА НА ДВОЈНИТЕ ИЗБОРИ НА 8 МАЈ, ГЛАСАЧИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА КАЖАТ ДАЛИ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ЗА ДА СЕ ИЗМЕРИ ЦЕНЗУСОТГраѓаните ќе бидат прашувани дали ќе гласаат за двата избора (претседателски и парламентарни), само за едните, или само за другите (Фото:СДК.МК)

    Државната изборна комисија донесе упатство со кое им кажа на гласачите дека на 8 мај, кога се гласа за претседателски (втор круг) и за парламентарни избори во ист ден, на гласање ќе може да излезат само еднаш.

    Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски во интервју за МИА кажа дека граѓаните имаат право да гласаат за двата вида избори или пак само за парламентарни или само за претседателски избори, по желба. Тоа, вели, треба добро да се објасни бидејќи за претседателските избори има цензус од 40 отсто.

    Упатството кажува дека фактички граѓанинот на 8 мај ќе може да дојде само еднаш да гласа за двата избора. Кога ќе дојде, прво ја дава личната карта да се види дека е тој, потоа оди на биометриска идентификација, па го бараат во списокот да го заокружат и му даваат ливчиња. И после оди гласа. Е сега кога ќе дојде и кога ќе го праша овој што е на уредот, ќе го праша дали сакате да гласате за едни, односно за првите за претседателските или за парламентарните или сакате да гласате за двата и за претседателските и за парламентарните, бидејќи тоа после нема да можете да го направите. И претпоставувам дека најмногу ќе гласаат за двата, а може да се случи и само за парламентарните бидејќи знаеме дека излезноста и интересот таму е многу поголем. Но не смее да се доведе гласачот во заблуда, бидејќи ако ве прашаат прво дали сте за едните па за другите вие може да кажете па јас сум за парламентарни, значи треба добро да се објасни за да има цензус нели, значи треба добро да се објасни дали сте за претседателски, дали сте за парламентарните и дали сте за двата, за човекот да не помисли дека поважни му се едните од другите туку да знае дека има право да гласа и за двата избори и така да направиме и цензус“, вели Даштевски во интервјуто.

    За гласањето за претседателските избори во дијаспората, каде имаше мал број пријавени, а гласаа уште помалку, претседателот на ДИК кажа дека тоа треба да се реши во согласност на најголемите политички партии и да се реши во органите каде што треба – во Министерството за правда и во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира