ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА 50 ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ, АКО МАРКЕТИТЕ НЕ ЈА ПОЧИТУВААТ ОДЛУКАТА ЌЕ БИДАТ ЗАТВОРЕНИ, НАЈАВИ БЕКТЕШИ

    ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА 50 ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ, АКО МАРКЕТИТЕ НЕ ЈА ПОЧИТУВААТ ОДЛУКАТА ЌЕ БИДАТ ЗАТВОРЕНИ, НАЈАВИ БЕКТЕШИОдлуката за пониските цени ќе биде донесена на владина седница во вторник и веќе од среда ќе треба да биде спроведена. (Фото: Влада на РСМ)

    Од наредната недела, околу 50 производи ќе имаа поевтини цени за најмалку 10 отсто, кажа министерот за економија Крешник Бектеши по денешната средба со претставници на осум најголеми синџири маркети во земјава. Одлуката за пониските цени ќе биде донесена на владина седница во вторник и веќе од среда ќе треба да биде спроведена.

    Оние маркети кои нема да ја почитуваат одлуката и цените одредени од Владата ќе бидат затворени, а инспектори од Државниот пазарен инспекторат ќе имаат засилени контроли.

    Станува збор за над 50 производи кои што влегуваат во основни прехранбени производи, а референтна цена ќе биде една од цените во претходните месеци. Над 90 отсто од производите се со 5 отсто ДДВ. Одлуката кои производи влегуваат е донесена врз основа на конкретни анализи. Единствена институција во нашата држава која што има опширна анализа кои производи повеќе се трошат е Заводот за статистика“, кажа Бектеши.

    Министерството за економија наредната недела освен одлуките за намалување на цените на основните прехранбени производи ќе направи измени и дополнувања на Законот за Државен пазарен инспекторат каде што ќе ги зголеми ингеренциите на инспекторите за да може да постапат веднаш без да поминат одредени постапки, имајќи во предвид дека треба да се постапи експедитивно. До крајот на наредната недела ќе го има и новото законско решение за нефер трговски практики каде што ќе се укинат речиси над 20 отсто од одредени давачки во синџирот трговија, почнувајќи од производство, па се до малопродажба што дополнително ќе влијае во намалување на цените.

    На маркетите ќе им биде дозволено акциски да ги намалат цените само на производите на кои им истекува рокот и тоа видно да го обележат, за да знаат потрошувачите за какви производи станува збор, дека не се работи за сеопфатна акција. Во спротивно доколку спроведуваат акциски продажби до 30 ноември ќе им следат санкции“, рече Бектеши.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира