ЌЕ СЕ УКИНАТ ПСИХОЛОШКИОТ ТЕСТ И СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА

    ЌЕ СЕ УКИНАТ ПСИХОЛОШКИОТ ТЕСТ И СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТАСо предложените измени, ќе се даде можност вработените да прескокнат неколку скалила, наместо како досега само едно нагоре. - Министрите Драган Тевдовски и Дамјан Манчевски на владина седница

    Владата  го прифати предлогот на Mинистерството за информатичко општество и администрација за изменување и дополнување на Законот за административни службеници со кој што се упростуваат постапките за унапредување и усовршување на вработените во државната администрација.

    Со измените, се укинува психолошкиот тест и тестот за интегритет што го полагаат кандидатите кои сакаат да се вработат во администрацијата, како и сертификатите за познавање на странски јазик.

    „Тестовите и сертификатите беа пречка за демотивирање на пријавување на добрите кандидати за вработување во администрацијата, а беа и финансиски товар, бидејќи го полагаш, а не ти гарантира дека ќе добиеш работа. Не се откажуваме од познавање на странски јазик. Ќе се изготват прашања во соработка со соодветна образовна  институција за полагање на странски јазик, за да можат да полагаат и вработени кои имаат подолг стаж во администрацијата“, рече Александар Бајдевски, заменик министер за информатичко општество и администрација на денешниот брифинг со новинарите.

    Заменик министерот Бајдевски рече дека со измените ќе се применувала фер постапка за унапредување на државните службеници, како и оценувањето на нивната работа.

    Со измените, ќе се даде можност вработените да прескокнат неколку скалила, наместо како досега само едно нагоре.

    „Има многу професионалци во администрацијата кои се долго време на иста позиција, со измените тоа ќе се смени“, рече Бајдевски.

    Измени се предвидени и кај оценувањето на вработените, каде се предвидува да се укине казната , односно, ќе му се даде можност на вработениот да оди на поправен испит. Ако добие две негативни оценки по ред, тогаш вработените ќе ја изгубат работата.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира