КЕЛНЕРИТЕ ЌЕ ГИ ЛЕГИТИМИРААТ ГОСТИТЕ ДАЛИ СЕ ОД ИСТО СЕМЕЈСТВО, ИНСПЕКТОРИТЕ ПРВО ЌЕ ЕДУЦИРААТ ПОТОА ЌЕ КАЗНУВААТ

    КЕЛНЕРИТЕ ЌЕ ГИ ЛЕГИТИМИРААТ ГОСТИТЕ ДАЛИ СЕ ОД ИСТО СЕМЕЈСТВО, ИНСПЕКТОРИТЕ ПРВО ЌЕ ЕДУЦИРААТ ПОТОА ЌЕ КАЗНУВААТКелнерите или сопствениците на кафулињата и рестораните треба да им бараат лична карта на гостите за да знаат дали на една маса можат да седат четири лица. (Фото: К.Попов)

    Келнерите, менаџерите и сопствениците на кафулињата и рестораните ќе ги легитимираат гостите за да знаат дали се од исто семејство, за да може да седат по четворица на маса. Оваа го кажа директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, на денешната редовна прес-конференција на Инспекцискиот совет, прашан кој ќе ја регулира бројката на луѓе кои ќе седат на маса и кој ќе им бара лични карти на гостите за да видат дали се од исто семејство.

    „Нашите инспектори како и досега го контролираат работењето на угостителските објекти, дали ги почитуваат протоколите за работа усвоени од Владата. Ние немаме обврска да ги контролираме граѓаните односно гостите. Келнерите или сопствениците на кафулињата и рестораните треба да им бараат лична карта. Дали има двајца или повеќе гости на една маса е одговорност на локалот. Затоа угостителите нека си обрнат внимание како работат и дали ги почитуваат сите протоколи“, кажа директорот на Државниот пазарен инспекторат  Пауновски

    Кафеанџиите нема веднаш да се казнуваат туку најпрво ќе се информираат и едуцираат како треба да ги применуваат протоколите. Директорката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска кажа дека формирале инспекциски тимови составени од инспектори од Пазарниот инспекторат, Инспекторатот за труд и од Управата за јавни приходи.

    „Сакам да потенцирам дека инспекторите пред сѐ имаат едукативна задача“, рече Филиповска-Гашкоска.

    Според протоколите кои вчера ги усвои Владата ќе работат само летните тераси и тоа до 22 часот. На една маса може да седат две лица, а ако се од исто семејство може и четворица. Масите треба да се оддалечени една од друга најмалку 1,5 метар. Нема стоење на шанк и на коњопои, забранети се прослави. На секоја маса треба да им средство за дезинфекција.

    Денеска во земјава дијагностицирани се 38 нови заболени со КОВИД-19, од кои 24 се од Скопје. Починаа три лица.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира