КОГА НИ Е ТЕШКО ГИ ВИКАМЕ ПРИЈАТЕЛИТЕ, ИЗЈАВИ ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО АМЕРИКАНСКИОТ ДИПЛОМАТ ВЕС МИЧЕЛ

    КОГА НИ Е ТЕШКО ГИ ВИКАМЕ ПРИЈАТЕЛИТЕ, ИЗЈАВИ ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО АМЕРИКАНСКИОТ ДИПЛОМАТ ВЕС МИЧЕЛЗа нацрт-спогодбата, што е најавено дека треба да ја донесе грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, Заев рече дека секој документ кој може да помогне ќе биде разгледан. - Вес Мичел и Зоран Заев

    Единствено решение за спорот со името е решението што ќе го постигнат заеднички Македонија и Грција, а САД остануваат поддржувачи на процесот, рече Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија денеска во Скопје, на заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев.

    „Ги поддржуваме Македонија и Грција да најдат заедничко решение. Вратите на НАТО се отворени, не се врзани за датум. Заедно со Заев и неговиот тим ќе работиме на влезот на Македонија во ЕУ и во НАТО“, рече  Мичел.

    На прашање дали САД директно ќе учествуваат во процесот, Мичел рече дека САД остануваат посветени на наоѓање решение и ќе бидат ангажирани во процесот, но решение треба двете држави заеднички да најдат.

    „Во април очекуваме чиста препорака за почетокот на преговори со ЕУ, а во јуни датум за почеток на преговорите. Ја почнуваме финалната фаза која ќе доведе до достоинствено решение за двете страни“, кажа  Заев.

    За нацрт-спогодбата, што е најавено дека треба да ја донесе грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, Заев  рече дека секој документ кој може да помогне ќе биде разгледан.

    „Процесот се води во Обединетите нации (ОН) под покровителство на медијаторот Метју Нимиц. Тој мора да продолжи во ОН. Секој документ што може да биде од помош ќе го разгледаме“, рече Заев.

    За директното мешање на САД во процесот, Заев рече дека спорот трае 25 години и дека тоа е тешко и мачно прашање.

    „Кога ти е тешко, повикај ги пријателите. Се надевам дека ќе најдеме прифатливо решение за двете страни, ако треба, ќе повикаме и пријатели“, кажа Заев.

    Американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел за прват ја посети Македонија, по стапување на функцијата во октомври 2017.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира