КОЛЕГИТЕ КОИ ДОЈДОА ДА ПОМОГНАТ ЈА ПОКАЖАА ПРОФЕСИОНАЛНОСТА НА ДЕЛО, НЕ САМО НА ФЕЈСБУК, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА МИЛЕНА СТЕВАНОВИЌ

    КОЛЕГИТЕ КОИ ДОЈДОА ДА ПОМОГНАТ ЈА ПОКАЖАА ПРОФЕСИОНАЛНОСТА НА ДЕЛО, НЕ САМО НА ФЕЈСБУК, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА МИЛЕНА СТЕВАНОВИЌOд вчера на ротација и помош во Скопје на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“ се пристигнати вкупно 54 доктори и медицински сестри. - Детал од монтажната болница на Инфективната клиника и директорката Милена Стевановиќ (Фото: СДК.МК)

    Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Милена Стевановиќ е презадоволна од соработката и професионалноста на колегите од интернистичките гранки и медицинските сестри кои се дојдени од други здравствени институции да помогнат во грижата за пациентите со КОВИД-19 на нејзината клиника. За нив, во изјава за ТВ Телма, таа кажа дека ја покажале професионалноста на дело, а не само по Фејсбук профилите.

    „Колеги се дојдени од интернистичките гранки и јас сум многу благодарна на соработката и нивниот професионализам што го покажуваат на дело, не само по Фејсбук профилите. Имаме и 27 медицински сестри кои се дојдени од повеќе различни градови кои се покажаа како вистински професионалци“, вели Стевановиќ.

    Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција кажа дека од вчера на ротација и помош во Скопје на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“ се пристигнати вкупно 54 доктори и медицински сестри.

    „Тие веќе почнаа да работат, со што е намален притисокот којшто го имаше во изминатите денови. Веќе е направен план и за следни ротации и прераспределба на кадар, како од клиниките, така и од сите болници и здравствени домови од земјава. Во моментот капацитетите на клиниките и одделенијата се различно пополнети, во зависност од капацитетите, пополнетоста е далеку од максимумот, повеќето клиники и инфективни одделенија и покрај тоа имаат потреба од поддршка, од дополнителен број доктори и сестри и токму тоа се спроведе во изминатите денови“, изјави Филипче.

    Министерот кажа дека во моментов 330 пациенти се сместени во јавните здравствени установи низ земјата и дека капацитетот е пополнет далеку од максимумот. Тој најави дека и приватните болници го понудиле на помош персонал, а доколку има потреба и нивните капацитети за лекување на пациентите со КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира