КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕДЛАГА НАМАЛУВАЊЕ НА ИЗОЛАЦИЈАТА ОД 10 НА 7 ДЕНА

    КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕДЛАГА НАМАЛУВАЊЕ НА ИЗОЛАЦИЈАТА ОД 10 НА 7 ДЕНАНа денешниот состанок на комисијата не се зборувало за укинување на сертификатите и за носењето заштитни маски од учениците. (Фото: СДК.МК)

    Комисијата за заразно болести предлага намалување на периодот од 10 на 7 дена изолација за ковид-позитивните пациенти, соопшти Министерството за здравство. Ваквиот став донесен на денешната седница на комисијата ќе биде испратен до владата, која ја носи конечната одлука.

    Од министерството додаваат дека на денешниот состанок на комисијата не се зборувало за укинување на сертификатите и за носењето заштитни маски од учениците со започнувањето на второто полугодие од учебната година. За овие прашања ќе се разговара дополнително на некои од наредните состаноци на комисијата.

    „Состојбата будно ја следиме, а анализите во моментот укажуваат на тоа дека сè уште има капацитет за сместување во болниците. Сепак, со оглед на околностите, на денешната седница дискутиравме и за потребата од брза реакција доколку сликата се смени и болниците се преполнат. Во такви околности Министерството за здравство веднаш би ги ставило во функција останатите капацитети на јавноздравствените установи“, се вели во соопштението.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира