КОСТА ПЕТРОВ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ

    КОСТА ПЕТРОВ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИПотпретседателот на СДСМ Коста Петров е именуван на оваа функција на местото на Јован Деспотовски кого владата вчера го именуваше за в. д. директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони; - Петров на дигиталниот конгрес на СДСМ на 25 октомври. (Фото: СДСМ)

    Потпретседателот на СДСМ Коста Петров е нов в. д. директор на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Тој на оваа функција е именуван на синоќешната владина седница, а доаѓа на местото на Јован Деспотовски кого владата завчера го разреши на негово барање, а вчера го именуваше за в. д. директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.

    Петров за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека е именуван за в. д. директор и најавува дека ФИТР ќе продолжи да инвестира во иновацискиот развој на компаниите, работејќи на создавање нови квалитетни работни места и придонесувајќи кон развојот на македонската економија.

    „Целта е да обезбедиме поддршка за компаниите и стартапите со тоа што ќе им помагаме во секој чекор, почнувајќи од работењето, едукацијата, развојот на продукти, па сè до комерцијализацијата и продажбата. Фондот ќе работи и соработува со врвни домашни и меѓународни претприемачи, финансиски експерти и основачи на иновативни компании.  Во нашата работа ќе биде целосно вклучена и академската заедница, која ќе биде нераскинлив дел од сите процеси. Мојата визија е заедно, со помош на интернационалната и македонската стартап заедница, со новиот бран на македонски иноватори да ја позиционираме Македонија како регионален стартап хаб во регионот”, вели Петров.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира