КОСТА ПЕТРОВ ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ОД НОВИТЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ, ОЛИВЕР СПАСОВСКИ СЕ ВРАЌА НА ПАРТИСКАТА ФУНКЦИЈА

    КОСТА ПЕТРОВ ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ОД НОВИТЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ, ОЛИВЕР СПАСОВСКИ СЕ ВРАЌА НА ПАРТИСКАТА ФУНКЦИЈАПокрај Петров извори од партијата брифираат дека за потпретседатели ќе бидат именувани и разрешените Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.(Фото: Веб страницата на Коста Петров)

    Eкспертот за односи со јавност Коста Петров ќе биде нов потпретседател на СДСМ,потврдуваат од партијата.

    На денешната седница на Централниот одбор на СДСМ, претседателот Зоран Заев ќе именува нови потпретседатели откако на 26 мај побара оставка од тогашните потпретседатели Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Фросина Ташевска-Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Благој Бочварски.

    Извори од партијата за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека еден од шестте потпретседатели ќе биде Коста Петров. Тој беше дел од  тимот на поранешниот министер за здравство Арбен Таравари задолжен за односи со јавноста и дел од годинешниот евровизиски тим на Тамара Тодевска.

    Петров е говорник за односи со јавност и лидерство, а има објавено 5 книги на оваа тема.

    Покрај Петров извори од партијата брифираат дека за потпретседатели повторно ќе бидат именувани и разрешените Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.

    Заев по завршување на претседателските избори најави метла во партијата. Тогаш покрај шестте потпретседатели беа сменети и генералниот секретар Александар Кирацовски и секретарите Миле Зечевиќ и Дане Талевски.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари