КОЦЕ ПО ТРЕТ МАНДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ

    КОЦЕ ПО ТРЕТ МАНДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕОд ВМРО-ДПМНЕ денеска објавија дека Коце Трајановски ќе биде кандидат на партијата на претстојните локални избори

    Коце Трајановски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје. Актуелниот градоначалник Трајановски на претстојните локални избори ќе го бара третиот мандат од граѓаните.

    Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција објави кандидати за градоначалници на уште три општини. Во Гази Баба кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Тони Трајковски, во Дебар Драган Клопчевски и во Росоман Стојанче Лазов.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари