КОЦЕ И ШИЛЕГОВ ПОТПИШАА КОДЕКС ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

    КОЦЕ И ШИЛЕГОВ ПОТПИШАА КОДЕКС ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИАктуелниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и пратеникот Петре Шилегов на денешното потпишува на Кодексот за фер и демократски избори во ДИК. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Коце Трајановски и Петре Шилегов, денеска потпишаа Кодекс за фер и демократски избори во просториите на Државната изборна комисија, заедно со останатите петмина кандидати за градоначалници на Скопје, Ѓорги Тодоров од НДМ, Насије Селмани од БЕСА, Ванчо Шехтански од ТМОРО, Марија Џонс од Левица и Наим Бајрами од Алијанса на Албанците. Кандидатот на ДПА Беким Фазлиу тоа ќе го направи дополнително.

    Со потпишувањето на кодексот, кандидатите се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во други институции или установи, финансирани од Буџетот на РМ, буџетите на општините и град Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира