КОЦЕ ТРЕТ ПАТ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ

    КОЦЕ ТРЕТ ПАТ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕСкопскиот градоначалник Коце Трајановски (лево) на денешната прес-конференција за организацијата на Супер купот на УЕФА.

    Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски ќе се кандидира за уште еден мандат. Денес тој со завршните активности за Супер купот ја најави кандидатурата, одговарајќи на новинарско прашање.

    „Планирам да се кандидирам на изборите во октомври. Во тек се анализи и анкети околу тоа што сме сработиле, што сме направиле и дали и колку граѓаните се задоволни“, рече градоначалникот Трајановски. на прес-конференцијата за Супер купот.

    Тој ќе се бори за трет мандат за градоначалник на Скопје, а зад себе има и еден градоначалнички мандат во Општина Гази Баба. Задоцнетите локални избори се закажани за 15 октомври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира