КОВАЧЕВСКИ ГО ПРОШЕТА НОБЕЛОВЕЦОТ КРУГМАН НИЗ ОХРИД, ПЕНДАРОВСКИ УТРЕ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ ОРДЕН

    КОВАЧЕВСКИ ГО ПРОШЕТА НОБЕЛОВЕЦОТ КРУГМАН НИЗ ОХРИД, ПЕНДАРОВСКИ УТРЕ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ ОРДЕННобеловецот Пол Кругман е во неколкудневна посета на Македонија и утре ќе биде говорник и ќе учествува на вториот Скопски економски и финансиски форум. (Фото: Влада)

    Добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман денеска направи обиколка на дел од најзначајните културно-историски локации во Охрид, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими, соопшти Владата.

    Посетата на најзначајните споменични знаменитости во древниот Охрид започна кај Горна порта и Самоиловата тврдина, по што Ковачевски, Бесими и Кругман ја посетија ранохристијанската базилика во близина на античкиот театар, а потоа следуваше запознавањето со најважните карактеристики на црквата Св. Софија и со старата градска архитектура во куќата на Робевци. Обиколката во Охрид заврши со посетата на болничките цркви Св. Богодорица и Св. Никоја кај Долна Порта.

    Кругман, кој е професор на Универзитетот Њујорк, потоа имаше работен ручек со Ковачевски и Бесими, на кој разговарале за темите на Скопскиот економски и финансиски форум, кој оваа година е посветен на темата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“.

    Претседателот Стево Пендаровски утре на Кругман на свечена церемонија ќе му додели одликување Орден за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија.

    „За иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата, преку поставувањето на нов модел на меѓународна трговија и основање на нови дисциплини во меѓународната економија, како и за неговата дејност како универзитетски професор и објавувањето на големиот број значајни научни дела и трудови“, се вели во соопштението на претседателскиот кабинет за доделувањето на Орденот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира