КОВАЧЕВСКИ В ЧЕТВРТОК ЌЕ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ВЕЛИ МИЦКОСКИ СЕ ОДНЕСУВА КАКО 13-ГОДИШНО ДЕТЕ И ПРЕДЛАГА МИНИСТРИ, А ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГИ ГЛАСА

    КОВАЧЕВСКИ В ЧЕТВРТОК ЌЕ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ВЕЛИ МИЦКОСКИ СЕ ОДНЕСУВА КАКО 13-ГОДИШНО ДЕТЕ И ПРЕДЛАГА МИНИСТРИ, А ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГИ ГЛАСАНовата техничка влада ќе се гласа во Собранието в недела, 28 јануари. (Фото: К. Попов)

    Премиерот Димитар Ковачевски в четврток ќе си поднесе оставка, а со тоа во оставка ќе биде целата Влада. Новата техничка влада ќе се гласа во Собранието в недела (28 јануари). Ковачевски денеска ја повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да биде сериозни и да гласаат за техничката владата во која ќе имаат свои министри и заменици-министри.

    Има време до недела сите да размислат и сите да ја гласаат техничката влада. Не може некој да се однесува како 13-годишно дете, да вели јас ќе предложам министри и нема да гласам. Секој мора да биде сериозен, никаде во свет нема да најдете пример каде предлагате министри, а барате друг да ви ги гласа“, рече премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на конференцијата „Година на европски можности“.

    ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада ќе има двајца министри, за внатрешни работи и за труд и социјална политика, и заменици-министри за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство.

    В четврток, оставка од функцијата претседател на Собранието ќе си поднесе и Талат Џафери кој до изборите ќе биде технички премиер. Нов претседател на Собранието ќе биде координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески. Собранието ќе ги распише изборите и ќе се распушти на 28 февруари.

    Парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај, среда, заедно со вториот круг претседателски избори. Првиот круг за избор на претседател на државата ќе се одржи на 24 април, среда.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира