КОВИД-ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ СЕ РЕЧИСИ ИСПОЛНЕТИ, 382 ПАЦИЕНТИ СЕ ЛЕКУВААТ ВО БОЛНИЦИ

    КОВИД-ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ СЕ РЕЧИСИ ИСПОЛНЕТИ, 382 ПАЦИЕНТИ СЕ ЛЕКУВААТ ВО БОЛНИЦИОд Министерството за здравство велат дека слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. - Монтажната болница кај Инфективната клиника (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во Скопје се примени 38 пациенти со симптоми на ковид-19, со што бројката на хоспитализирани пациенти во скопските болници се искачи на 382, соопшти Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека капацитетите се генерално исполнети, но слободни места има.

    Во изминатите 24 часа, на Интерните клиники имало 12 приеми и тоа четири во ковид-центарот на Клиниката за дерматологија, пет приеми во центарот на Клиниката за неврологија и три пациенти се хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатото деноќие имало 18 приеми, а во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 9 нови пациенти.

    Во моментов, велат од Министерството за здравство, на Клиниката за дерматологија во ковид-центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 158 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 42 пациенти, 14 деца и 28 возрасни.

    Од Министерството за здравство велат дека слободни места во моментов има доволно во ковид-центрите на Интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.

    На Интерните клиники во ковид-центрите на Клиниката за неврологија и на Клиниката за дерматовенерологија покрај постоечките 64 кревети, ќе се стават во функција и дополнителни легла, а од сабота пациенти ќе се примаат и во новите ковид центри на Клиниката за Гастроентерохепатологија и на Клиниката за нефрологија. Овие клиники располагаат со кислородни места за третман на пациентите кои имаат потреба од кислородна поддршка. На Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ капацитетите се генералнпо полни, но во тек на денот се прават исписи на оздравени пациенти и постепено се ослободуваат дополнителни места. Оваа клиника располага со 56 места за лекување на ковид пациенти.

    Од Министерството за здравство велат дека сите нови оддели на Интерните клиники располагаат со болнички места до кои имаат довод на кислород. Во тек е доопремување со останатата медицинска опрема која им е потребна на лекарите, а од денес покрај пулмолог и анестезиозолог, достапен за консултации на интерните клиники ќе биде и лекар анестезиолог од КАРИЛ.

    Во земјава вкупно во болница се лекуваат 1.079 болни од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира