КОЅИАС СЛЕТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

    КОЅИАС СЛЕТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМНикос Коѕиас вечерва ќе има работна вечера со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров - Коѕиас по слетувањето во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас попладнево со владин авион слета на Меѓународниот аеродром Скопје, што беше првпат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром.

    Преименувањето на аеродромот „Александар Велики“ во Меѓународен аеродром Скопје, заедно со преименувањето на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“ беше првата отстапка на македонската Влада во преговорите за името.

    Коѕиас вечерва ќе има работна вечера со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, пред нивната утрешна официјална средба, а грчкиот министер ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

    Посетата на Коѕиас доаѓа неколку дена откако двете земји си разменија нацрт-спогодби за решавање на спорот за името. Димитров и Коѕиас ќе се сретнат повторно на 30 март во Виена, а таму ќе биде и посредникот на ОН Метју Нимиц.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира