КРАЈНО ВРЕМЕ Е ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ИЗЛЕЗЕ СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ОНКОЛОГИЈА, АПЕЛИРА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО МЕЏИТИ

    КРАЈНО ВРЕМЕ Е ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ИЗЛЕЗЕ СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ОНКОЛОГИЈА, АПЕЛИРА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО МЕЏИТИЈавниот обвинител Љубомир Јовески претходно побара да престане политичката злоупотреба на предметот и да се остават обвинителите да си ја завршат работата, се загрозува истражниот процес и ѝ се дава можност на одбраната во суд да ги оспорува доказите. - Клиниката за онкологија (Фото: К. Попов)

    „Крајно време е Обвинителството да излезе точно со име и со презиме за Онкологија зашто овој костум што го гледате на мене денеска, оваа вратоврска ме задушува“, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

    Меџити денеска ја посети Клиниката за неврологија, од каде дојде на министерската функција, и промовираше нова опрема.

    „Јас денеска најубаво се чувствувам, имам најмногу емоции. Да ви кажам дека ми прилега белиот мантил и од првиот ден ви кажав дека не претпочитам да бидам политичар од некоја партија, тука ќе бидам лекар и тоа и ќе останам и заедно со моите колеги и заедно со вас ќе ги подобриме работите“, рече Меџити.

    Минатата недела заврши сослушувањето на сведоците што го правеше Анкетната комисија во Собранието за скандалот со криминал на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Комисијата е надлежна за утврдување на хронологијата на настаните и околностите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, дали со скандалот се загрозени основите човекови права на пациентите кои се лекувале, политичката одговорност, како и изготвување заклучоци и препораки кои ќе имаат за цел да поведат постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции и спречување понатамошна злоупотреба, но и системски подобрувања на дефектите во оваа Клиника и целокупниот здравствен систем.

    Собранието на 5 септември го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се формира Анкетна комисија за утврдување на одговорност за политичките и здравствените функционери по обелоденетиот скандал со криминал во Клиниката за онкологија.

    Во Анкетната комисија учествуваат 14 пратеници, од кои шест од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ, два од ДУИ и еден од Алијанса за Албанците. Анкетната комисија ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието за еден месец од завршувањето на својата работа.

    Формирањето на анкетната комисија дојде откако Јавното обвинителство отвори истрага по наводи за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија.

    На 3 ноември, јавниот обвинител Љубомир Јовески им рече на пратениците во Собранието дека не можат да водат паралелна истрага за случајот со Клиниката за онкологија и дека е спротивно на Уставот, законите и на собраниските деловници да изнесува факти и докази од постапувањето на Обвинителството. Тој апелираше да престане политичката злоупотреба на предметот и да се остават обвинителите да си ја завршат работата, бидејќи вака го загрозуваат истражниот процес и ѝ даваат можност на одбраната во суд да ги оспорува доказите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира