КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ЛИЦАТА ВРЗ КОИ СЕ ПУКАШЕ ВО ХОТЕЛОТ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“ ОТИ ПРЕТХОДНО СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА ПОЛИЦАЈЦИ

    КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ЛИЦАТА ВРЗ КОИ СЕ ПУКАШЕ ВО ХОТЕЛОТ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“ ОТИ ПРЕТХОДНО СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА ПОЛИЦАЈЦИ„Пријавените ја загрозиле сигурноста на 11 полициски службеници кои вршеле службено дејствие – легитимирање, на начин што упатиле сериозна закана дека ќе нападнат врз животот на полициските службеници“, велат од Јавното обвинителство.

    Поднесена е кривична пријава против четири лица кои учествувале во престрелката во хотелот „Алекандар Палас“ на 30 ноември. Кривичната пријава се однесува на лицата врз кои било пукано во хотелот бидејќи претходно се заканувале на полицајци кои барале од нив да се легитимираат.

    „СВР Скопје денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл. 144 ст. 3 од Кривичниот законик. Тројца од лицата се лишени од слобода, а по четвртиот уште се трага. Пријавените ја загрозиле сигурноста на 11 полициски службеници кои вршеле службено дејствие – легитимирање, на начин што упатиле сериозна закана дека ќе нападнат врз животот на полициските службеници“, велат од Јавното обвинителство.

    Министерството за внатрешни работи сѐ уште работи на утврдување на идентитетот на лицата кои пукаа со огнено оружје врз групата за која сега е поднесена пријава.

    Заради обезбедување на присуството на осомничените во текот на кривичната постапка, јавниот обвинител до Судот поднесе и предлог за определување на мерки за претпазливост за четворицата осомничени.

    Во неделата додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К. И. (41) и Љ. Ќ. (25), три лица влегле внатре и почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ. Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени немаше.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира