КРИВИЧНИОТ СУД НЕ ПРИФАТИ КИЧЕЕЦ ДА БИДЕ УСЛОВНО ПУШТЕН НА СЛОБОДА НА ПРЕДЛОГ НА ДИРЕКТОРОТ НА СТРУШКИОТ ЗАТВОР 

    КРИВИЧНИОТ СУД НЕ ПРИФАТИ КИЧЕЕЦ ДА БИДЕ УСЛОВНО ПУШТЕН НА СЛОБОДА НА ПРЕДЛОГ НА ДИРЕКТОРОТ НА СТРУШКИОТ ЗАТВОР Милески беше правосилно осуден на три години затвор во септември 2020 години во случајот „Рекет“, откако призна вина и казната ја отслужува во отвореното одделение во затворот во Струга. (Фото: СДК.МК)

    Предлогот за условен отпуст на затвореникот Зоран Милески-Кичеец е одбиен, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје. Милески беше правосилно осуден на три години затвор во септември 2020 години во случајот „Рекет“, откако призна вина и казната ја отслужува во отвореното одделение во затворот во Струга.

    Пред три дена, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд го разгледувал предлогот да биде пуштен на слобода условно, но донел решение да го одбие предлогот на директорот на затворот во Струга.

    „Постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга – Отворено одделение, за условен отпуст на З.М. правосилно осуден во предметот на овој суд со КОК бр. 131/19 во јавноста познат како „Рекет“, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по одржана седница на совет на 12.11.2021, донесе решение со кое предлогот се одбива“, се вели во соопштението.

    На почетокот на септември, додека беше пуштен од затворот за да се лекува, Кичеец направи тешка сообраќајка кај Стража. Иако виновен за еден загинат и седуммина повредени во сообраќајката, тој се спогоди со обвинителството и судот во Гостивар минатата недела му одреди казна затвор од шест месеци. 

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира