КРСТО МУКОСКИ И САШО ВАСИЛЕВСКИ ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОР ЗА 27 АПРИЛ, ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ ОДИ ВО ДОМАШЕН

    КРСТО МУКОСКИ И САШО ВАСИЛЕВСКИ ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОР ЗА 27 АПРИЛ, ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ ОДИ ВО ДОМАШЕНПратеникот Крсто Мукоски останува во затворот во Шутка - од организираниот напад на Собранието на 27 април (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје веднаш по денешните седници за жалбите на пратениците Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и актерот Владо Јовановски, одлучи Мукоски да остане во затворот Шутка, Димовски да остане во куќен притвор, а само мерката ефективен притвор против Јовановски, ја ублажи. Исто како и за другите организатори на протестите на „За заедничка Македонија“ за Игор Дурловски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски, така и за Владо Јовановски одреди куќен притвор.

    Денеска советот одлучи да му ја одбие жалбата и на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски, кој исто како Мукоски, останува и натаму во затворот Шутка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира