Кираца Трајковска и нејзиниот син Гоце, кумашини на семејството на грабнатата и свирепо убиена Вања Ѓорчевска, се првите кои ги поврзале исчезнувањата на Панче Жежовски и на Вања, според нејзиното сведочење денеска во Основниот кривичен суд.
Освен што е во кумско сродство со Ѓорчевски, на Трајковска обвинетиот Љупчо Палевски ѝ е зет за втора братучетка.
Со Ѓорчевски рече се во старо кумство и во добри односи. И професионално контактирале, таа како поранешен заменик-генерален директор на Фершпед, каде работел и обвинетиот Александар, татко на Вања.
Одговарајќи на прашањата на обвинителката, Трајковска за исчезнувањето на Вања рече дека дознала од Фејсбук. Веднаш го известила синот Гоце Трајковски, кој требаше да сведочи денеска, но доби паничен напад.
Таа вечерта на 27 ноември им се јавила на родителите на Вања. Им предложила синот Гоце да дојде да им помогне во потрагата по малата кума Вања.
Ги споила Гоце и Александар, зашто тие не биле во редовна комуникација како нивните родители.
Гоце барал по кафулиња, влегол во распаднати куќи. Одел по куќи и по згради, гледал камери каде имало. Земале снимки, потоа ги гледале. Сведокот за тоа време била во Белград, кај ќерката.
„Тој забележал дека девојчето се губи во зградата. На аголот имало некои 10 метри кои камерите не ги покриваат. Но, никаде Вања не ја виделе пешки”, сведочеше таа.
Третиот ден гледале движење на коли. Синот Гоце на снимката препознал по издувните гасови дека тргнува кола. Александар рекол нема шанса Вања да влегла во оваа кола. На снимката се видело дека поминало и пикап возило.
Потоа разбрале дека го нема и Панче Жежовски. Се јавила кај своите роднини во Велес, ѝ кажале дека таа е колата за која прашуваат, од која на снимките пред зградата на Вања се испуштале издувни гасови, како да тргнува.
Прашала само дали тој исчезнатиот Панче (додека сè уште не бил најден мртов), има старо сиво возило. Добила потврден одговор на тоа што интуитивно се посомневала дека може тој човек ја грабнал Вања.
По овој заклучок, Гоце снимките ги дал во МВР.
Тоа старо возило со Панче Жежовски како се гледа жив, Гоце го видел и на снимка на бензинска пумпа во Велес, од фризерница и од други објекти.
Од сите снимки Гоце ѝ праќал скриншотови на мајка му додека за тоа време била во Белград.
Заклучокот денеска беше дека всушност сведокот Трајковска и нејзиниот син биле тие што ги нашле најважните снимки и кои ги поврзале исчезнувањата на Панче и на Вања, место МВР и Обвинителството.
Со зетот Палевски, пак, таа била и во деловни врски. Но, порано. Кога бил во притвор во Белград, не исконтактирале. Таа останала во Белград до денеска и не контактира со него.
За Александар кажа дека бил вреден работник кога работел во Фершпед. Но, и дека ни Александар, ни некој од семејството на Зорица го познавал Љупчо Палевски.
Во моментот на случување на настанот, ѝ било познато дека станот на „Наум Наумовски-Борче”, е на Александар Ѓорчевски.
С. К. ДЕЛЕВСКА
- ТАТКОТО НА ВАЊА E БИВШ ЗАВИСНИК, ПОТВРДИЈА НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ, А ВО 2023 ГОДИНА, КОГА СЕ СЛУЧИ УБИСТВОТО, НЕ РАБОТЕЛ
- ВЕДНАШ ШТОМ ДОШОЛ ВО ТУРЦИЈА, ПАЛЕВСКИ Ѝ КАЖАЛ НА НАШАТА ПОЛИЦИЈА ДЕКА Е ТАМУ ПРЕКУ ТЕЛЕФОНОТ НА АДВОКАТОТ
- ПРИЈАТЕЛИ НА ПАЛЧО СВЕДОЧЕА ДЕКА ВО НЕГОВАТА СПАЛНА СОБА ВИДЕЛЕ ЦРН ПИШТОЛ ВО ФУТРОЛА И РАДИОСТАНИЦИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА
- ВЕЛИБОР И БОРЕ РЕКОА ДЕКА ТАТКОТО НА ВАЊА МУ КАЖАЛ НА ПАЛЧО КОГА ДЕВОЈЧЕТО ЌЕ ИЗЛЕЗЕ САМО, СВЕДОЧЕШЕ ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИК
- КОГА ЈА НАЈДОВМЕ ВАЊА, РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ Ѝ БЕА ВРЗАНИ СО СТЕГА, А НА УСТАТА ИМАШЕ ЛЕНТА, СВЕДОЧИ ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИК
- ВЕЛИБОР НИ КАЖА ДЕКА ПАЛЕВСКИ ПУКАЛ СО ПИШТОЛ ВО ТИЛОТ НА ПАНЧЕ, СВЕДОЧЕШЕ ЕКСНАЧАЛНИКОТ НА СВР ВЕЛЕС
- ТАТКОТО НА ВАЊА ЗБОРУВАЛ ДЕКА ПОЛИЦИЈАТА ЏАБЕ БАРА, ЌЕРКА МУ Е КИДНАПИРАНА И УБИЕНА И ОТИ ТРЕБА ДА БАРААТ МАФИЈАШИ ШТО БАРААТ ОТКУП
- КЕШИШЕВ НИ РЕЧЕ КОПАЈТЕ ТАМУ КАЈ ПЕРНИЦИТЕ И КОГА СЕ ВИДОА ВЕЃАТА, НОСОТ И ЕДНАТА НОГА НА ДЕВОЈЧЕТО, ПРЕСТАНАВМЕ ДА КОПАМЕ, СВЕДОЧИ ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИК КАКО ЈА НАШЛЕ ВАЊА
- АЛЕКСАНДАР ОД ПРВ МОМЕНТ ТВРДЕШЕ ДЕКА ВАЊА Е КИДНАПИРАНА, СВЕДОЧЕШЕ МАЈКАТА ЗОРИЦА ЃОРЧЕВСКА
- НЕ ГО ПОЗНАВАМ ПАЛЕВСКИ ЛИЧНО, НО ЗНАМ КОЈ Е, СВЕДОЧЕШЕ МАЈКАТА НА УБИЕНАТА ВАЊА