ЛАНИ ИМАЛО РЕКОРДНИ ВРАБОТУВАЊА НА АДМИНИСТРАТИВЦИ ВО КРИВИЧНИОТ СУД ВО СКОПЈЕ

    ЛАНИ ИМАЛО РЕКОРДНИ ВРАБОТУВАЊА НА АДМИНИСТРАТИВЦИ ВО КРИВИЧНИОТ СУД ВО СКОПЈЕСамо административците од Основен суд Скопје 1 не штрајкуваа. (Фото: СДК.МК)

    Mинатата година во судската власт се реализирале 223 вработувања по разни основи, од кои дури 74 се вработувања на службеници во Основниот суд Скопје 1, стои во Годишниот извештај на Судскиот буџетски совет за 2015 година, поднесен до Собранието.

    Во овој суд, чиј претседател е Владимир Панчевски, се водат предметите од Специјалното обвинителство на Катица Јанева, како и случаите од организиран криминал и корупција општо. Тој е единствениот суд чија што администрација не штрајкуваше.

    Според извештајот, лани во овој суд се вработиле рекорден број административци во однос на останатите судови во македонија. За сметка на новите вработувања во судската администрација, се штедело на платите на претходно вработените службеници, но и на судиите, кои поради немање доволно средства во Судскиот буџет, минатата година не биле на задолжителниот систематски преглед.

    “Поради недоволно обезбедени средства во буџетот на судската власт единките корисниици на судската власт не се во можност да постапат по одредени обврски кои се законски дефинирани: замена на компјутерската опрема во рок,  доградба на софтверкисте програми од средства на судскиот буџет,  дејствија кои треба да се преземат за заштита на личните податоци согласно Законот за заштита на лични податоци во судовите, но поради недоволно обезбедени средства во буџетот судовите не можат да ги реализираат, натаму не се извршени систематски прегледи на вработените во судската власт (освен Академијата за судии и јавни обвинители) , не се обезбедени средства за набавка на опрема и оружје на судската полиција, не се врши редовно тековно одржување на различните системи на инсталации и други постројки во судските згради“, стои во извештајот, потпишан од претходниот претседател на Судскиот совет и на Судскиот буџет Бранко Ушковски.

    Владата на судската власт лани и одобрила само 56 отсто од тоа што го побарала  за интернет, струја, огрев, вода, телефони… Во извештајот е наведено и дека да не се странците и нивната помош, набавка на нови компјутери нема. Пари за обуки на судиите и на судската администрација, исто така, секоја година нема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари