ЛАЖНА ПОРАКА ДЕКА ЕДЕН ОД ВАШИТЕ КОНТАКТИ Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 ИМ СЕ ПРАЌА НА ГРАЃАНИТЕ, ФИЛИПЧЕ АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ ВЕСТИ

    ЛАЖНА ПОРАКА ДЕКА ЕДЕН ОД ВАШИТЕ КОНТАКТИ Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 ИМ СЕ ПРАЌА НА ГРАЃАНИТЕ, ФИЛИПЧЕ АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ ВЕСТИМинистерот Венко Филипче на својот Твитер профил информираше дека меѓу граѓаните се шири имејл со невистината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство.(Фото: Твитер)

    „Еден од вашите контакти е позитивен на КОВИД-19“. Ова порака деновиве се испраќа на граѓани по електронска пошта од лажна адреса на Министерството за здравство. Министерот Венко Филипче на својот Твитер профил информираше дека меѓу граѓаните се шири имејл со невистината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство.

    „Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, кој веќе постапува за овој случај. Апелирам до сите да не потпаѓаат на оваа манипулација. Официјалната е-маил адреса на Министерството е  [email protected]. Ширење лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество“, напиша Филипче.

    Во пораката која е насловена еден од вашите контакти е позитивен на КОВИД-19 стои „Мојот колега ве контактирал и порано, но нема одговор. Прочитајте ги упатствата правилно и проверете дали сте тестирани бидејќи неуспехот на тоа ќе резултира со апсење и гонење“.

    Денеска во земјава се регистрирани 22 новодијагностицирани со КОВИД-19 од 145 тестирања. Досега вкупно заболени се 1.664 лица, оздравени пациенти се 1.200, починати е 91, а во моментов активни случаи се 373.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира