ЛЕКАРСКАТА КОМОРА, ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО И ИНСПЕКТОРАТОТ ЧЕКААТ ПРИЈАВА ДА ПОСТАПАТ ОТКАКО МИЛОШОСКИ ЈА ОБЈАВИ ДИЈАГНОЗАТА ОД ЛЕКАРСКОТО БОЛЕДУВАЊЕ НА ЈАНЕВА

    ЛЕКАРСКАТА КОМОРА, ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО И ИНСПЕКТОРАТОТ ЧЕКААТ ПРИЈАВА ДА ПОСТАПАТ ОТКАКО МИЛОШОСКИ ЈА ОБЈАВИ ДИЈАГНОЗАТА ОД ЛЕКАРСКОТО БОЛЕДУВАЊЕ НА ЈАНЕВАОд Лекарската комора велат дека никој нема право така да објавува дијагнози. - Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски (Фото: СДК.МК)

    Лекарската Комора, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Фондот за здравствено осигурување не добиле пријава да направат надзор откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на Фејсбук ја објави дијагнозата од лекарското боледување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а ја пренесоа дел од медиумите.

    Калина Старделова-Гривчева, претседателка на Лекарската комора, вели дека не ја видела објавата, но за да направи стручен надзор комората треба да има пријава.

    „Никој нема право така да објавува дијагнози. Има Закон за заштита на пациентите и со Законот за заштита на личните податоци треба да има пријава или од судовите или од пациентот и семејството“, вели Гривчева-Старделова.

    Пријава за надзор од каде му се податоците на пратеникот Милошоски нема ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а од Фондот за здравствено осигурување велат дека сè уште не е поминат рокот кога боледувањето го плаќа Фондот.

    Специјалното јавно обвинителство на 18 јули објави дека Јанева е на боледување од 16 јули кога депонираше оставка, а на 23 јули таа дојде на работа во СЈО, кога и одржа прес-конференција.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира