ЛЕКОТ ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА „КАЛИДЕКО“ ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА

    ЛЕКОТ ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА „КАЛИДЕКО“ ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА16-годишниот Александар Јосифовски од Тетово, кој боледува од цистична фиброза, лани заедно со родителите се искачи на Титов Врв (Фото: СДК.МК)

    Лекот „калидеко“, кој се користи за терапија на пациентите со цистичка фиброза кои се носители на трета класа ЦФТР „gating“ мутација, е дистрибуиран денеска на Клиниката за детски болести во Скопје, објави Министерството за здравство. Оваа терапија ја примаат тројца пациенти со оваа ретка болест, за кои е обезбеден лек за цела година.

    Почнувајќи од 2017, Министерството за здравство е во редовна комуникација со здруженијата на пациентите со ретки болести и со таквиот пристап значајно се зголемија буџетите во делот на ретките болести. По три години иницијални состаноци, значајно е зголемен и бројот на лековите кои се вклучени во програмата за ретки болести и се бесплатни за овие пациенти“, соопшти Министерството за здравство.

    Со ребаланс на буџетот за 2021, за третман на пациенти со ретки болести се обезбедени 580 милиони денари, во споредба со 2017, кога за тоа се издвојувале 214 милиони денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира