ЛЕВИЦА ЈА ПОДНЕСЕ ВО ДИК ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

    ЛЕВИЦА ЈА ПОДНЕСЕ ВО ДИК ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУАпасиев денеска кажа дека не очекува проблеми како со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: К. Попов)

    Лидерот на Левица Димитар Апасиев денеска во Државната изборна комисија го поднесе предлогот за покренување граѓанска инцијатива на државно ниво за распишување на задолжителен дополнителен референдум на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?“.

    Сега се потребни сто потписи за да може иницијативата да се достави и до Собранието.

    Претходно, претседателот на Собранието Талат Џафери ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија со образложение дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

    Апасиев денеска кажа дека не очекува проблеми како со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Сметаме дека народот мора да го има последниот збор кога станува збор за прашања од национален интерес и очекуваме да немаме проблеми како со претходната иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваме да немаме проблеми, бидејќи иницијативата е правно коректно напишана согласно член 24 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните“, изјави Апасиев.

    За да се распише референдум е потребно да се соберат 150 илјади потписи во рок од 90 дена.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира