Во Собранието утре (четврток, 14 јули) во 13.30 часот почнува седницата на која пратеницие ќе го разгледаат францускиот предлог за преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, а на претходна седница, во 13 часот, на пратениците ќе им се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Пред говорот во Собранието, Фон дер Лајен ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски.
Протестите против францускиот предлог за кревање на ветото на Бугарија, предложен од Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни, утре пред Собранието ќе почнат во 12 часот, според повикот на Левица, односно во 13.30 според повикот на ВМРО-ДПМНЕ. Левица вечерва го пресели кампот од пред Влада пред Собрание, каде поставија шатори во тревникот во кои ќе ноќеваат нивните активисти.
Вечерва, на десеттиот протест, демонстрантите изведоа перформанс пред МНР на кој „предавници“ го потпишуваа францускиот предлог, а од Левица пред Собранието донесоа гилотина на која пишуваше „француски предлог“.
Под мотото „Ултиматум, не благодарам“ и „Со фашисти не се преговара“ од 12 јули протестираат илјаднции граѓани во организација на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица.