ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ ВИ СЕ ДЛАБОКО ВКОРЕНЕТИ И СЀ ДОДЕКА СЕ ПРЕД ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ЌЕ ИМАТЕ КОРУПЦИЈА, РЕЧЕ ХОЛАНСКИОТ АМБАСАДОР ЈАН КОП

    ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ ВИ СЕ ДЛАБОКО ВКОРЕНЕТИ И СЀ ДОДЕКА СЕ ПРЕД ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ЌЕ ИМАТЕ КОРУПЦИЈА, РЕЧЕ ХОЛАНСКИОТ АМБАСАДОР ЈАН КОПАмбасадорот смета дека во земја со 2 милиони жители за сите овие изминати години можеа да бидат завршени реформите.(Фото: К.Попов)

    Сè додека личните интереси се пред интересите на општеството ќе имате корупцијата, рече холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп во рамките на конференција „Како до поефикасна заштита од корупција на локално ниво?“ во организација на Центарот за граѓански комунунации.

    На конференцијата на која се говореше за важноста на борбата против корупција во општините, амбасадор Јан Коп кажа дека иако Македонија работи во борбата и препознавањето на корупцијата, сè уште сме земја со висока стапка на корупција, далеку од просекот на Европската унија, во рангот на Колумбија и Етиопија.

    Недостига применливост оти нема политичка волја. Мора сите политички чинители да преземат одговорност и да ја препознаваат и спречуваат корупцијата. Во земја со 2 милиони жители за сите овие изминати години можеа да бидат завршени реформите. Личните интереси се секаде длабоко вкоренети. И сè додека личните интереси се пред интересите на општеството ќе имате корупцијата“, рече амбасадорот Дирк Јан Коп.

    Амбасадорот кажа дека Холандија сака стабилност и просперитет на регионот и затоа смета дека Северна Македонија треба да е дел од Европската унија, за што изминативе години е дадена голема поддршка и пари.

    Во една прилика ми рекоа дека на оваа земја ѝ треба силен човек како Ердоган, Путин. Не ви треба силен човек, туку ви требаат силни институции“, додаде Јан Коп.

    Конференцијата Како до поефикасна заштита од корупција на локално ниво?“ е дел од низата подолгорочни напори што ќе следуваат во насока на намалување на корупцијата преку зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните институции и се реализира со финансиска помош од Кралството на Холандија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира