ЛИЦАТА КОИ БЕА ВО КОНТАКТ СО БОЛНАТА ДОКТОРКА ОД КОЖНА КЛИНИКА НЕМААТ СИМПТОМИ, НО СИТЕ ЌЕ БИДАТ ТЕСТИРАНИ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    ЛИЦАТА КОИ БЕА ВО КОНТАКТ СО БОЛНАТА ДОКТОРКА ОД КОЖНА КЛИНИКА НЕМААТ СИМПТОМИ, НО СИТЕ ЌЕ БИДАТ ТЕСТИРАНИ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕПоранешната директорка на Клиниката за кожно болести е сместана на Инфективната клиника во Скопје, а в понеделник им истекува изолацијата на сите лица кои беа во контакт со неа. (Фото: K. Попов)

    Сите лица кои биле во контакт со поранешната директорка на Клиниката за кожни болести која е заболена од коронавирус ќе бидат тестирани во понеделник или вторник, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

    Поранешната директорка на 9 март имаше позитивен тест за коронавирус откако дошла од Италија, по што беше затворена Клиниката. Истиот ден во изолација беа ставени 203 лица, вработени на Клиниката за дерматологија, пациенти и нејзини колеги кои во текот на претходниот викенд биле на стручен симпозиум во еден скопски ресторан.

    „Крајниот рок на истекување на изолацијата на сите лица кои биле во контакт со докторката е понеделник. Сите примарни контакти се здрави, никој не покажа симптоми на болеста, но сите ќе бидат тестирани“, рече Филипче.

    Министерот денес кажа дека во земјава има вкупно 70 лица заболени со КОВИД-19, и дека со оглед на непочитувањето на мерките за превенција од ширење, на денешната седница на Владата ќе побара заострување на мерките во некои региони.

    Пациентите со коронавирус во земјава се од Скопје, Дебар, Штип, Гостивар и Охрид, а во Дебар и Центар Жупа е прогласена вонредна состојба.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира