ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ СЕ ОДЛАГААТ, НЕМА БАРАЊЕ ЗА СВИКУВАЊЕ СОБРАНИСКА СЕДНИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ СЕ ОДЛАГААТ, НЕМА БАРАЊЕ ЗА СВИКУВАЊЕ СОБРАНИСКА СЕДНИЦА

    Ниедна од парламентарните партии утринава не поднела барање за свикување седница за избор на органите на Собранието. И покрај тоа што СДСМ и ДУИ, заедно со БЕСА и Алијансата за Албанците обезбедија парламентарно мнозинство, се уште никоја од нив не бара Трајко Вељаноски, претседавачот на првата собраниска седница која беше прекината, да го свика Собранието.

    Се уште вакво барање нема ни од ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Никола Груевски, не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство.
    „Партиите треба да побараат седница, со предлог за формирање на комисија за избори и именување. Нејзиниот состав треба да биде според изборните резултати. Тоа значи, поднесувачот на предлогот треба за во комисијата да предложи шест пратеника од ВМРО-ДПМНЕ, петмина од СДСМ, и по еден од ДУИ и од БЕСА“, објаснуваат собраниските служби каква е процедурата.
    Откако ќе се изгласа комисијата, таа се повлекува и партиите изготвуваат предлози за претседател и потпретседатели на Собранието. Комисијата ги предлага до Собранието и следува изборот на раководството на новото Собрание, а потоа и на неговите работни тела.

    Собраниските експерти внатре веќе се шегуваат на сметка на парламентарните партии, бидејќи очекувале утринава да има турканица за свикување собраниска седница.
    „Партиите не се брзаат, бидејќи сакаат одлагање на локалните избори. До вечер, некоја од нив може и ќе се накани да поднесе предлог за свикување седница, со предлог за избор на претседател и потпретседатели на Собранието. Рокот за распишување на локалните избори истекува вечерва на полноќ. Нив може да ги распише само претседателот на Собранието“, велат соговорниците.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира