МАЈКА МИ Е ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС, НО ПОДОЛГ ПЕРИОД СЕ НЕМАМЕ ВИДЕНО, КАЖА МИЦКОСКИ

    МАЈКА МИ Е ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС, НО ПОДОЛГ ПЕРИОД СЕ НЕМАМЕ ВИДЕНО, КАЖА МИЦКОСКИЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средби со граѓани во Струмица. (Фото: Фејсбук)

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека мајка му е позитивна на коронавирус, но дека се немаат видено подолг период, поради ризикот на кој е изложен тој поради секојдневните средби со граѓани. Одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на Струмица, тој рече дека нејзе ѝ е направено епидемиолошко интервју и луѓето кои биле во нејзина близина веќе се во самоизолација.

    „Мајка ми е позитивна веќе неколку дена. Ние се немаме видено, направено е епидемиолошко интервју со нејзе, луѓето кои биле во нејзина близина се веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено, имајќи го предвид ризикот на кој сум изложен, секојденевно се среќавам со луѓе, разговарам. За жал, и кај нас во семејството ја почувствувавме директно оваа пандемија“, изјави Мицкоски.

    Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние 20 дена од кампањата, и ќе ги почитуваат протоколите за заштита на здравјето на граѓаните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира