МАКЕДОНИЈА ДО 2035 ГОДИНА ЌЕ ПАДНЕ НА 1,5 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ, СПОРЕД ПРОЕКЦИЈА НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

    МАКЕДОНИЈА ДО 2035 ГОДИНА ЌЕ ПАДНЕ НА 1,5 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ, СПОРЕД ПРОЕКЦИЈА НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКАПроекциите се врз основа на податоците од пописот во 2021 година. (Фото: СДК.МК)

    Населението во Македонија до 2035 година ќе се намали на 1.531.748 жители, ако се задржи сегашниот фертилитет, според проекциите на Државниот завод за статистика (ДЗС).

    ДЗС денеска ги објави проекциите за населението во Македонија до 2070 година, во седум варијанти, со различни стапки на фертилитет и морталитет. Во најлошата варијанта, со низок фертилитет, населението до 2070 година ќе се намали на 1.120.272 жители, додека во варијантата со висок фертилитет, населението ќе се намали на 1.408.906 жители.

    Проекциите на ДЗС се под претпоставка дека во земјата и регионот нема да има војни, ќе има нормална и стабилна внатрешнополитичка состојба, во првата половина на 2030-тите ќе се заврши процесот на асоцијација во ЕУ, ќе има економски развој и нема да има големи здравствени состојби.

    Проекциите се врз основа на податоците од пописот во 2021 година.

    „ДЗС врз основа на резултатите од Пописот 2021 изготви проекција според која населението до 2030 би се намалило на 1,3 милиони. Од трите клучни елементи, стапката на фертилитет, морталитет и миграција, најзагрижувачки е третиот. Барем засега, кај нас најзагрижувачки е стапката на иселување, а не стапката на фертилитет“, изјави претседателот Стево Пендаровски, на презентацијата на проекциите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира