МАКЕДОНИЈА ИЗГРАДИ ПОВЕЌЕ ЦРКВИ И ЏАМИИ ОТКОЛКУ ШКОЛИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАКЕДОНИЈА ИЗГРАДИ ПОВЕЌЕ ЦРКВИ И ЏАМИИ ОТКОЛКУ ШКОЛИ

    Во Македонија има повеќе цркви од основни и средни училишта заедно. Според Државниот завод за статистика, во целата држава се изградени и работат 989 основни училишта и уште 118 средни школи. Во нив учат над 270 илјади деца, од кои 81.788 во средните училишта, а 188.361 во основните.

    Државниот завод за статистика нема податок колку верски објекти има во Македонија. Но, статистиката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи покажува дека верските објекти се далеку побројни од образовните. Според картата на верски објекти, во Македонија има вкупно 1.842 цркви и манастири. Од таму велат дека овој податок е од 2011, но во меѓувреме во државата се изградени и други нови цркви, така што бројката е поголема.

    Во Охридското архиерејско намесништво има вкупно 161 црква и манастири, во Струшкото архиерејско намесништво има 108, а Преспанско-пелагониската епархија 160.

    Според картата на верски објекти во Македонија има околу 600 џамии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира