МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ОПРАВДА ДОВЕРБАТА, МУ КАЖАЛ ЗАЕВ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УЕФА ЧЕФЕРИН

    МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ОПРАВДА ДОВЕРБАТА, МУ КАЖАЛ ЗАЕВ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УЕФА ЧЕФЕРИНПремиерот Зоран Заев имал куса средба со претседателот на УЕФА Александер Чеферин.(Фото: Влада)

    Премиерот Зоран Заев вечерва се сретна со претседателот на УЕФА Александер Чеферин и му се заблагодари за поддршката што ја доби Македонија со организацијата на Супер купот во Скопје, соопшти владината прес-служба.

    Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон со премиерот Зоран Заев и собранискиот спикер Талат Џафери на вечерашниот прием за Супер купот. (Фото: Влада)

    На приемот во МНТ за претставниците на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, како и на УЕФА, Заев кажал дека „се создадени сите услови овој врвен спортски настан да се одржи во најдобра атмосфера и дека Република Македонија и Скопје како домаќини, ќе ги оправдаат довербата и очекувањата и дека го заслужуваат вниманието на светот кое денеска и утре е свртено кон спортското одмерување на сили на фудбалските ѕвезди од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид“.
    На приемот беа и собранискиот спикер Талат Џафери и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира