МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ КВАНТЕН СКОК СО РЕФОРМИТЕ, ГОЛЕМИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ДОБИЕМЕ ПОКАНА ЗА НАТО, ВЕЛИ ШЕКЕРИНСКА

    МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ КВАНТЕН СКОК СО РЕФОРМИТЕ, ГОЛЕМИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ДОБИЕМЕ ПОКАНА ЗА НАТО, ВЕЛИ ШЕКЕРИНСКАМинистерката за обрана Радмила Шекеринска со Сојузот на Борци на Македонија склучија договор, со кој на 10 години им се отстапува простор во Домот на АРМ во центарот на Скопје.(Фото:Г. Трпеноски)

    Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е убедена дека на Самитот на НАТО, закажан за 11 и 12 јули во Брисел, Македонија ќе обезбеди поддршката од сите членки на Алијансата за да ја добие поканата за членство.

    Според Шекеринска, Македонија направила квантен скок и исполнила големи домашни задачи, што биле силни аргументи кои оделе во корист на македонското членство во НАТО.

    „Доколку тоа се случи, мислам дека и во поглед на Македонија ќе се почитува процедурата која важи и за другите земји членки и оти тој период би бил од една до една и пол година, во зависност од тоа каква е процедурата во државата и во земјите членки“, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашања по потпишувањето на договор за времено користење на простории во Домот на АРМ од Сојузот на борците од НОБ и антифашистичката војна на Македонија.

    Дали референдумот што би се организирал би бил консултативен или обврзувачки, министерката Шекеринска рече дека ќе се прават консултации во Собранието и со опозицијата и ќе биде донесена одлука.

    Министерката за одбрана Радмила Шекеринска со Сојузот на борци на Македонија склучија договор, со кој на 10 години им се отстапува простор во Домот на АРМ во центарот на Скопје.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира